• вторник, 24 декември 2024

Додик: Утре одам во Сараево на рочиште за одбрана на Република Српска

Додик: Утре одам во Сараево на рочиште за одбрана на Република Српска

Бања Лука, 15 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре ќе оди на судското рочиште во Сараево да ја брани РС, бидејќи, како што вели, нема право да се повлече и смета дека ова е можност „Република Српска да се ослободи од Сараево и БиХ“.

-Одам таму да ја бранам РС, а мојата судбина е помалку важна и ќе имам што да кажам на таа тема, ќе имам можност, веројатно, еден ден. Утре очекувам целосна деградација на правото, Уставот на Босна и Херцеговина, се што има смисла во овој процес. РС ќе одговори многу јасно и одлучно на оваа фарса. Ќе извршиме неколку значајни активности на овој план и верувам дека ова е можност да ја ослободиме РС од Сараево и Босна и Херцеговина, изјави Додик за Срна.

Тој кажа дека утре ќе се брани како претседател на Република Српска, а не како Милорад Додик.

-Претседателот на РС оди на тој монтиран процес во Судот за да покаже колку е тоа неуставно и незаконско, колку е муслиманско и антисрпско и колку тој суд е место за малтретирање на Србите и нивно политички прогон. Судот е непријателско место за Србите и за тоа е создаден, рече Додик.

Тој потсети дека е повикан на суд за „неразбирливо обвинение кое инкриминира кривично дело што не постои“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан