• четврток, 19 декември 2024

Додик: Случајот „икона“ е класичен спин на Турковиќ

Додик: Случајот „икона“ е класичен спин на Турковиќ
Бања Лука, 4 февруари 2021 (МИА) - Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик  денеска беше сослушан во Обвинителството на САД во својство на сведок за предметот „икона“. - Случајот икона е класичен спин што го креираше министерката за надворешни работи во Советот за министри на БиХ, Бисера Турковиќ, истакна Додик. Тој додаде дека во случајот нема инкриминирано дело, нема обвиниение. Додик повтори дека иконата не припаѓа на Украина и оти Киев не ја бара. Додик во декември минатата година при посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Република Српска му подариу икона. На 6 јануари годинава шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го обвини Додик дека се обидел да го прикрие фактот дека иконата што му ја подарил Лавров е украдена. Додик тврди дека ја добил иконата, но не објасни од кого и кога, како и дека нема докази дека иконата е во сопственост на Украина. Во меѓувреме  Лавров ја врати иконата во Амбасадата на БиХ во Москва, а амбасадорот Жељко Самарџија, назначен од Додик, ја донесе во Сараево. ми/  

Тагови

Остани поврзан