• сабота, 23 ноември 2024

Додик: БиХ дојде до својот крај

Додик: БиХ дојде до својот крај

Бања Лука, 22 мај 2024 (МИА) - Босна и Херцеговина дојде до својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние кои се колнеа во неа, оцени денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик.  

Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.

На платформата Икс тој напиша дека резолуцијата за Сребреница, која, како што вели, ја протуркале Бошњаците преку нивните ментори насила, кршејќи го Уставот, ќе доведе до разграничување на Република Српска и ФБиХ.

„Не можеме ниту да ја заборавиме ниту да ја простиме лагата што ни ја кажуваат Бошњаците. Нема начин да се поправи штетата предизвикана од туркањето на оваа резолуција. И после да не биде дека не сме ги предупредиле“, напиша Додик. 

Во друга објава на Икс, тој напиша: Со одлуката за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, потпишан е крајот на Босна и Херцеговина и утре на состанокот на Владата на Српска во Сребреница,  на федералната страна ќе и биде предложено мирно раздвојување. ссм/

фото: Икс

Остани поврзан