Доделување на признанието „Вељо Манчевски“
- Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КOВЗРГ) вечер во Филхармонија ќе одржи предновогодишен прием, на кој ќе биде доделено годишното комисиско признание „Вељо Манчевски“.
Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КOВЗРГ) вечер во Филхармонија ќе одржи предновогодишен прием, на кој ќе биде доделено годишното комисиско признание „Вељо Манчевски“.
Како што информира КOВЗРГ, признанието „Вељо Манчевски“ како традиционална годишна награда првпат е доделена во 2022 година, во знак на јавно изразување почит и промоција на нагласените заложби на поединци и колективи, како и организации кои имаат посебен придонес во верската сфера и кои со својот ангажман, активност и долгогодишен труд оставиле значаен белег вградувајќи се во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во меѓуверските односи. мд/аа/
Фото: КOВЗРГ