• недела, 07 декември 2025

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“, меѓу наградените и новинар на МИА

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“, меѓу наградените и новинар на МИА

Скопје, 17 јули 2025 (МИА) - Македонската платформа против сиромаштија денеска ќе ги додели годинашните награди „Гласник на невидливите“. 

Меѓу наградените годинава е и новинарот Слободан Иванов од Медиумската информативна агенција кој работеше на видео сторија „Пристапот до објекти, образование и вработување - најчести предизвици за лицата со попреченост“. 

Годинашни добитници на оваа награда се и Ана Арсеновска Зафирова - „Каков 8 март одбележуваат жените, мајки на деца со аутизам“, Гоше Николов - „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“, Емилија Бунтеска Нацоска - „Расте бројот на гладни, редиците пред народните кујни сѐ подолги“, Кристијан Ландов - „Претрес: Од раскош до бездомништво, од семејство до улица - сурови животни приказни“, Љубица Иванова - „На улица наместо во училишните клупи - Македонија без решение за децата од улица“ и Наташа Доковска - „Менструацијата не е луксуз – зошто боли двојно во сиромаштија?“.

Наградата „Гласник на невидивите“ им се доделува на новинари кои пишуваат за социјални теми поврзани со сиромаштија и социјалната исклученост, кои на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. бак/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан