• среда, 25 декември 2024

Доделување на државната награда 22 Ноември за 2023

Доделување на државната награда 22 Ноември за 2023

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“ за 2023 година. 

Добитници на наградата оваа година се проф. д-р Агим Винца, истражувач и писател, и Амет Селмани, писател.

Наградата „22 Ноември“ се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан