• четврток, 26 декември 2024

Доделувањето на Нобеловата награда и годинава во земјите на лауреатите

Доделувањето на Нобеловата награда и годинава во земјите на лауреатите
Стокхолм, 23 септември 2021 (МИА) - Добитниците на Нобеловата награда за наука и литература, поради пандемијата на коронавирусот, втора година по ред ќе ги добијат признанијата во земјите на живеење, а не во Стокхолм, објави денеска Нобеловата фондација. Кон средината на октомври ќе се одлучи каде ќе биде доделена Нобеловата награда за мир, за што церемонијата вообичаено се одржува во Осло. Имињата на добитниците на наградите се објавуваат на почетокот на октомври, но церемонијата на доделување традиционално се организира на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот Алфред Нобел. паг/  

Остани поврзан