• сабота, 28 декември 2024

Доделени признанија за придонес во отворањето на Градскиот музеј во Дебар

Доделени признанија за придонес во отворањето на Градскиот музеј во Дебар

Дебар, 7 јули 2023 (МИА) - Во просториите на општина Дебар, денеска на посебна свеченот беа врачени признанија за придонес во отворањето на Градскиот музеј.

Градоначалникот Хекуран Дука, заблагодарувајќи им се, признанија им врачи на18 поединци кои врз доброволна основа отстапиле артефакти и експонати за градскиот музеј.

- Ми причинува посебна чест и задовилство што денска сме тука заедно, како што и бевме ангажирани за отворање на градскиот јузеј, што беше долгогодишна идеја. Во музејот сега може да се видат разни артефакти и експоранти кои говорат за историјата и традицијата на населението во нашето подрачје. Голема благодарност за соработката искажувам за граѓаните, интелектуалци, новинари, со кои, со заеднички сили во ноември минатата година, во рамки на одблежувањето на 28 ноември го отворивме музејот, рече Дука.

Додаде дека целта е музејот да се инситуционализира, со посебна управа и вработени, за да може даго посети секој кој ќе изрази жеба за тоа, нашите граѓани, како и туристи.

- За таа цел идната недела имаме закажано средба во министерството за култура, каде според ветувањата, очекуваме оваа иституција да го добие потребниот статус. Ги повикувам сите граѓани, без никакви предрасуди, да придонесат во збогатувањето на музејската поставка со предмети кои ги поседуваат, порача тој.

На вниманието се заблагодарија присутните, кои побараа локалната власт да обезбеди најмалку два часа во текот на денот, посебно во летниов период, музејот да биде отворен, со цел да може да го посети секој кој престојува во градот.

Градскиот музеј е сместен во поранешниот нов амам, во строгиот центар на градот и моментно во него поставени се повеќе од 500 експонати. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан