• четврток, 26 декември 2024

Доделени прехранбени пакети за семејства од социјален ризик во Берово

Доделени прехранбени пакети за семејства од социјален ризик во Берово
Берово, 2 ноември 2020 (МИА) - Продолжува донирањето прехранбени пакети за најзагрозените категории граѓани во Берово. Од општината информираат дека со последната хуманитарна активност, за полесно справување со коронакризата за 30 семејства од социјален ризик обезбедени се прехранбени пакети.
- И понатау продолжува општествената одговорност на поединци и фирми од нашата општина кои со своите донации од прехранбени производи им излегуваат во пресрет на најзагрозените од Ковид-19 кризата. Донација од 30 пакети со прехранбени продукти и овој пат додели општествено одговорна компанија Зегин. Пакетите и овој пат се распределени врз основа на списоците од Центарот за социјална работа, на граѓани, на кои навистина им е потребна помош, истакнуваат од општината.
Ваквите донации, како што додадоа, се честа пракса од општествено одговорните фирми, кои сакаат да им помогнат на лицата, кои имаат потреба од помош во услови на Ковид-19.
- Веќе подолг период компанија Зегин донира пакети со прехранбени продукти во општина Берово, а најавија дека донациите ќе продолжат и понатаму, со цел да се помогне на семејства со ниски приходи. Благодарност до нив и до сите оние кои досега придонесоа да им се помогне на најзагрозените категории граѓани, посочија од општината
Надлежните очекуваат со слични примери да се вклучат и останати фирми и поединци, кои ќе им помогнат на социјално-загрозените категории граѓани полесно да ја пребродат кризата. вс/фф/

Остани поврзан