• понеделник, 02 септември 2024

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Доделени наградите од Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

Струмица, 20 февруари 2023 (МИА) - Златни плакети за најдобра карикатура и афоризам на 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што се одржува во Струмица, жирито им додели на полскиот карикатурист Михаил Грашчук и на афористичарот Валентин Димитров од Бугарија.

Сребрена плакета за карикатура доби Слободан Бутир од Хрватска, а бронзена плакета Луис Пол од Австралија. Награда од Струмичкиот карневал доби Миро Георгијевски.

Во категоријата афоризам сребрена плакета жирито му додели на Веселин Миличевиќ од Србија, а бронзена плакета на македонскиот афористичар Ристо Стојановски. Диплома и е доделена на Нада Караџиќ од Србија, а наградата од Струмичкиот карневал ја доби Миле Ѓорѓијоски.

Изложбата од годинашниов Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам ќе биде отворена на 27 февруари во рамките на Струмичкиот карневал, кога ќе им бидат врачени и наградите на најуспешните. рт/дма/

Остани поврзан