• вторник, 24 декември 2024

Доделени наградите на Првиот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2022

Доделени наградите на Првиот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2022
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Во салонот на Театар за деца и младинци – Скопје денеска и официјално заврши првото издание на Интернацаионалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022. Стручната жири комисија во состав: Диана Кржаниќ Тепавац, актерка, еатарски педагог и претседател на АСИТЕЖ, Србија, во својство на претседател на жирито, заедно со членовите Благој Чоревски, актер и режисерката Драгана Милошевски Попов, главната Грн при награда ја додели на претставата „Тивкото момче“ во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац. - Жирито оваа претстава ја гледа како комплетен уметнички чин што храбро отвора чувствителни теми, користејќи внимателно избран театарски јазик, лесно препознатлив и прифатлив од публиката, се наведува во одлуката. Жирито додели и две специјални награди и тоа за претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп сињор“ од Атина за исклучителната креација, изработка, водење и анимација на куклите и за комплетната естетика и театарскиот израз во претставата. „Жирафа“ ја понесе и наградата за најдобра сценографија, затоа што како што вели жирито, со минимални средства оваа претстава остварува силни визуелни импресии и отвора простор за детската фантазија. Покрај нив, жирито додели уште една специјалнна награда на претставата „Авантурите на малиот Ју“, за колективната актерска игра и извонредното користење на сценските елементи направени од природни материјали како и за изведбата и употребата на музичките инструменти во истата. Оваа претстава се закити уште и со Наградата за најдобра режија на Рената Карола Гатица. Наградата за најдобра машка улога му припадна на актерот Марко Хергешиќ, за улогата во претставата „Авантурите на бароното Минхаузен“, на театарот „Жар птица“ од Загреб за исклучителната ролја која пленеше со одлична актерска изведба допадлива за секое дете. Истата претстава ја освои и наградата за најдобра костимографија на авторката Џениса Пецотиќ. Наградата за најдобра женска улога ѝ припадна на актерката Јулијана Мирчевска, за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во изведба на театарот „Бабец“ од Битола. Првото издание на фестивалот „Игор Маџиров“ се одржа од 30. септември до 4. октомври 2022 година и на него учествуваа девет претстави од неколку земји во Европа.са/вј/  

Остани поврзан