• понеделник, 29 јули 2024

Доделени наградата и признанијата по повод 8 Ноември - Денот на ослободувањето на Неготино

Доделени наградата и признанијата по повод 8 Ноември - Денот на ослободувањето на Неготино
Неготино, 8 ноември 2022 (МИА) - На денешната свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Неготино, а по претходно донесени одлуки од страна на советниците во општинскиот Совет, традиционално беа доделени општинската награда и признанија. Добитници на признанието 8 Ноември за 2022 година се Зоран Недев, постхумно како спортски разботник, Маркет „Дијана“ за стопанство, Јован Тасев за образование, Дејан Јованов во областа на бизнис сектор, Јадранка Темелкова на полето на спорт и  др. Иван Иванов од здравството. Наградата 8 Ноември годинава му беше доделена на Тоше Зафиров за постигнати резултати од областа на спортот, додека за почесен граѓанин на Неготино е прогласен Тасе Лазовски од Нова Горица, Република Словенија, за афирмација на општина Неготино преку организирањето на Џидимирските средби. Наградите на наградените им ги врачија престедателката на Советот, Роза Јаневска и градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов. Со низа свечени настани и активности, денеска беше одбележан празникот на Неготино. Стојанов се осврна на  дел од проектите и активностите кои беа реализирани во изминатиот едногодишен период и се во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните на Неготино и населените места, а ги истакна и можностите за социјален и економски развој во наредниот период. Присутните на свечената седница имаа можност преку презентација на ауди-видео материјал, да се запознаат со реализираните проекти и активности, реализирани во периодот помеѓу двата празника. свд/дма/

Остани поврзан