• среда, 27 ноември 2024

Доделени договорите на 34 општини за реализација на 36 инфраструктурни проекти

Доделени договорите на 34 општини за реализација на 36 инфраструктурни проекти
Скопје, 10 јули 2021 (МИА) – Во Скопје денеска на 34 општини им беа доделени договорите за реализација на вкупно 36 инфраструктурни проекти во вредност 1 милијарда и 706 илјади денари или 17,5 милиони евра.  Средства се обезбедени од ТАВ, концесионерот на аеродромите во државава, откако  ги пренамени од првично планираната намена за изградба на карго аеродром во Штип. Изградба на мост во Карпош во вредност од 6,2 милиони евра, изградба на фекална канализација во беровското село Мачело во вредност од 420 илјади евра, изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба Речани во вредност 143733 илјади евра, реконструкција на водоводна мрежа во Виница во вредност од 123 илјади евра, градење на вакумска фекална канализација со пречистителна станица во населбата Јурумлари во Општина Гази Баба во вредност од 651 илјада евра, се дел од инфраструктурните проекти за кои им беа доделени средства за реализација на општините. Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на доделувањето на договорите истакна дека Во оваа втора група н аинфраструктурни проекти се превидени проекти поврзани со водоснабдување и изградба на улици и локални патишта за нормални услови за живот. - Овие се реални проекти за реални потреби на нашите граѓани, за наш поквалитетен живот, за подобра денешница и иднина на нашите деца. Секој еден грашанин заслужува да има исти или подеднакви услови за живот со сите други. Владата е тука тоа да го овозможи и ние тоа го правиме, рече виоцепремиерот Битиќи. Битиќи информира дека во наредниот период ќе бидат деодели и преостанатите 35 договори со што, како што рече, ќе го комплетираме овој проект заедно со ТАВ и општините или вкупно во овој период ќе се доделат 94 проекти за вашите општини. Куршад Кучак, оперативен директор на ТАВ Македонија, потенцира дека вупната инвестиција за над 90 проекти ќе изнесува 49,7 милиони евра, од кои 35 милиони евра ќе бидат наменети за локални проекти, а преостанатите 14,7 милиони евра за инвестиции за подобрување на аеродромите. - Средствата за овие специјални проекти во општините ќе се наменат за подобрување на локалната инфраструктура како што се водоснабдување, локални патишта, канализициски системи, училишта, спортски сали и болници. Како ТАВ сме среќни што создаваме општествена вредност и придонесуваме кон разој на локалните заеднициво целатта земја, рече тој. Кучак изјави дека промоцијата и на скопскиот и на охридскиот аеродром е една од врвните приоритети на холдингот ТАВ аеродроми, со оглед на тоа што, како што рече, оваа прекрасна земја претставува потенцијал да прерасне во оригинален центар за туристички и деловни патници. Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи истакна дека за Тетово ова е втор договор што го потпишува и денешниот договор е договор за проект за уредување комплетно на речното корито на реката Пена што поминува во центарот на градот и нормално уредување и на кејот. - Значи, Тетово ќе добие комплетно уредено корито, дел што сме го работеле порано со наш проект и исто така уредување на кејот. Додека претходно на претходното потпишување на договорите исто така потпишавме договор за завршување и довршување на работите на булеварот „Благоја Тоска“ што е вториот булевар што ќе го завршиме после завршувањето на булеварот „Видео Смилевски Бато“, еден од важните булевари во Тетово, рече Арифи. На настанот беше отворено и прашањето за долговите на општините, при што вицепремиерот Битиќи  во  рече дека долговите од 50 милиони евра можеби не се долгови на овие градоначалници, туку акумулирани долгови пред 20 години и има други органи кои што треба да утврдат зошто се случило тоа. - Како Влада имаме кажано дека со сите и кон сите ќе се однесуваме подеднакво, праведно и правично, бидејќи за тоа сме избрани. Нашите граѓани не заслужуваат да не им се решаваат проблемите затоа што можеби некој претходно тоа го нема направено, рече Битиќи, на новинарско прашање. Во однос на прашањето за тоа до кога ќе ги наградуваат општините, Битиќи изјави дека не станува збор за наградување, туку тоа се проекти што значат живот за граѓаните.  Ние за тоа сме избрани и се додека нашите граѓани имаат потреба која што некој треба да ја исполни, ние тоа ќе го правиме без разлика дали е на локално или на централно ниво. - Во координација со првиот заменик претседател на Владата ја координираме групата за фискална децентрализација во последната фаза од децентрализација каде ќе воспоставиме фонд за перформанси и фонд за воедначување. Фондот за перформанси ќе значи дека општините кои имаат поголем успех, а успех се мери со задоволство на граѓаните во реализиација на тоа што ќе го видат и дополнително во реализација на приходната и расходната страна, следната година ќе добијат повеќе пари. Е тогаш ќе зборуваме за наградување. Фондот за воедначување е всушност фонд на помалку развиените, на општините кои се помали ќе им даде подеднакви можности за да одговораат на потребите на своите граѓани и тоа е дополнителен фонд кој се воведува на централно ниво за да им се помогне на општините.фф/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан