• недела, 24 ноември 2024

Доделена опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом во Берово

Доделена опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом во Берово
Берово, 31 август 2022 (МИА) – Општина Берово додели опрема за потребите на корисниците на социјални услуги во старскиот дом „Д-р Иван Влашки“. Опремата им ја додели градоначалникот Звонко Пекевски, по претходно донесена одлука на општинскиот Совет. - Ги посетивме корисниците на социјални услуги и им доделивме опрема. Опремата е доделена со одлука на совет и едногласно е прифатена од страна на советниците во Советот на Општина Берово. Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно, рече Пекевски Додаде дека негова заложба и приоритет и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани. - Оваа категорија граѓани заслужуваат да имаат пристоен живот, заради што локалната самоуправа ќе продолжи и понатаму да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво, додаде Пекевски. Преку користење на различни општински алатки и организирање на хуманитарни активности, од Општината најавија дека ќе продолжат со ваквата поддршка на старскиот дом Д-р Иван Влашки. вс/ир

Остани поврзан