• сабота, 28 декември 2024

Договор за реновирање на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Договор за реновирање на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Скопје, 29 декември 2023 (МИА) - Во Владата денеска беше потпишан договор за градежни активности за реконструкција на два државни студентски дома во Скопје, рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација. Договорот е потпишан со економски оператор кој доставил најповолна понуда – Страбаг АГ.

Проектот ќе ги опфати сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, а договорот што беше потпишан денеска се однесува на прва од три фази т.е. за реконструкција на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека првите два дома од вкупно деветте ќе бидат реконструирани за 18 месеци.

-Оваа  крупна капитална инвестиција се реализира со средства од Германска развојна банка од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија, рече Ковачевски.

На настанот се обратија и Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Штефен Худолин, в.д. амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија. хс/ац/

Фото: Принтскрин

 

 

 

Остани поврзан