• среда, 13 ноември 2024

Довициозо се повлекува од Мото ГП

Довициозо се повлекува од Мото ГП
Сан Марино, 4 септември 2022 (МИА) - Големата награда на Сан Марино беше последната за Андреа Довициозо во Мото ГП серијата. Довициозо заврши на 12. место. Пилотот на „RNF“ помина 15 сезони во премиерната класа и три пати заврши на второто место во поединечна конкуренција. Покрај тоа, Андреа е шампион во категоријата до 125 кубика од 2004 година. Во Мото ГП, Довициозо возеше за Хонда, Јамаха и Дукати, забележа 15 победи и освои 62 подиуми. Во преостанатите трки во сезоната 2022, замена за Италијанецот ќе биде Кал Кратчлоу. зс/

Остани поврзан