• сабота, 23 ноември 2024

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери - успешна приказна

Добротворната Фондација „Фајрворк“ на Кејти Пери - успешна приказна

Лос Анџелес, 4 март 2024 (МИА) - Поп-ѕвездата Кејти Пери неодамна откри дека како дете живеела во сиромаштија, и покрај тоа што сега „тежи“ 530 милиони долари.

- Дали сакате да говориме за боновите за храна? Можам да зборувам за боновите. Сакате да проговориме за дарувањето храна? Можам да зборувам и за тоа, изјави пејачката раскажувајќи за тешките години.

Таа, имено, говореше за својот оскуден дом, каде што често била гладна, а нејзините родители морале со бонови за храна да сврзат крај со крај. Сè тоа влијаело на намерите за добротворна дејност. Затоа, Кејти, заедно со нејзината постара сестра Ејнџела Хадсон, ја основаа Фондацијата „Фајрворк“, со цел да им се овозможи пристап до уметноста и до образованието на сиромашните деца, пред сè.

- Тоа често ја потсетува дека и ние не потекнуваме од богато семејство. Кејти не е родена во музичко семејство кое го имаше тој пристап. Таа работеше напорно толку многу години, за да стигне таму каде што е денес, истакна нејзината сестра Ејнџела во една прилика.

Фондацијата и кампот веќе имаат значително влијание. Повеќе од 400 средношколци имаа можност да се запознаат со текстописот, кореографијата и музиката преку низа активности. Кејти и самата учествува во работата на кампот бидејќи сака да го промени животот на младите на позитивен начин, како што самата истакнува.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан