• петок, 27 декември 2024

Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски ќе се формира во Кавадарци

Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски ќе се формира во Кавадарци
Кавадарци, 30 март 2021 (МИА) - Во Квадарци ќе се формира Доброволно противпожарно друштво Сашко Гешовски. Ваква одлука донесе денеска кавадаречкиот Совет на општина. Противпожарното друштво ќе биде промовирано на почетокот на мај месец, на денот на загинувањето на кавадарчанецот Сашко Гешовски, кој беше прва жртва при распадот на поранешна Југославија. Како војник, Гешовски беше првата жртва во жестокиот воен судир, што го предизвика распаѓањето на Југославија во 1991 година. Тој беше припадник на ЈНА, а својот воен рок го служеше во Сплит, С.Р.Хрватска. Советниците едногласно ја усвоија и предлог програмата за дејствување  на противпожарното друштво.свд/бт/

Остани поврзан