• четврток, 19 декември 2024

Дневниот центар во Гевгелија доби донација за поголема инклузија на лицата со попреченост

Дневниот центар во Гевгелија доби донација за поголема инклузија на лицата со попреченост
Гевгелија, 4 јануари 2021 (МИА) - Преку проектот за создавање услови за поголема инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион, финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој, гевгелискиот Дневен центар доби донација во реквизити и опрема за работна окупација, психомоторен развој и достапност на своите штитеници. - Опремата што ја доби нашиот Дневен центар се состои од сито печат за печатење теми врз ткаенина, тркало за глина, трака за трчање, реквизити од сунгер, разни репроматеријали за изработка на глинени и магнетни украси, како и разбој за ткаење, информираат од гевгелискиот Дневен центар. Набавената опрема и стекнатите знаења треба да овозможат долгорочни промени во начинот на работење со лицата со попречености во поглед на нивно работно оспособување и зголемување на нивното вклучување на пазарот на трудот на регионално ниво. Покрај Гевгелија, донација во опрема и реквизити добија и Дневните центри за лица со попреченост во Валандово, Струмица и Радовиш. им/мд/

Остани поврзан