• среда, 25 декември 2024

Дневникот на починатата партнерка на Диди - можен фалсификат

Дневникот на починатата партнерка на Диди - можен фалсификат

Лос Анџелес, 26 септември 2024 (МИА) - Децата на манекенката Ким Портер и раперот Шон Диди Комбс соопштија дека мемоарот што ѝ се припишува на нивната почината мајка, а во кој се опишуваат наводни експлицитни сексуални авантури на Диди со познати личности, како и наводи за злоупотреба против Портер, е лажен. Портер, инаку, почина од пневмонија во 2018 година.

„Изгубените зборови на Ким: Патување за правда, од другата страна“ неодамна беше објавена на Амазон - од Џамал ​​Т. Милвуд за Кимберли А. Портер. Подоцна беше откриено дека Милвуд е истражувачкиот новинар Крис Тод, кој, под неговото презиме, во прилогот на книгата тврди дека една од последните желби на Портер била „овој мемоар / дневник да биде јавно објавен“.

Во заедничката изјава на Инстаграм, четирите деца на Портер велат дека се принудени да проговорат, откако ги виделе „многу навредливите и лажни гласини“ за нивните родители.

„Тврдењата дека нашата мајка напишала книга се едноставно невистинити. Таа не го напишала тоа. И секој што тврди дека има ракопис - лажно се претставува себеси. Дополнително, ве молиме, разберете дека секој тн. 'пријател' кој зборува во име на нашата мајка или нејзиното семејство, не е пријател“, велат синовите и ќерките на Портер.

Ким, инаку, го има синот Квинси (33) - со музичарот Ал Б. Шур, како и Кристијан (26), и ќерките-близначки Џеси и Д'Лила (17) - со Диди.

Потпишаните четворица ги замолија своите следачи да ја почитуваат нивната мајка и „да го почитуваат нејзиното наследство, за таа да почива во мир“, како што се вели во написот.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан