• среда, 27 ноември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 6 октомври 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 35.876.857 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.050.911пациенти, а оздравеле 26.981.848 луѓе. Софија - Во Бугарија, потврдени се нови 283 случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на тестирани 3.713 примероци, според официјалната страница за следење на епидемијата. Во моментов има 5.837 активни случаи во таа земја. Од почетокот на епидемијата, во Бугарија биле заразени 21.870 лица, од кои 854 починале.
Атина - Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 399 случаи на Ковид-19 , а во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа уште три лица. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 20.541 лица, а починаа 420 лица.
Никозија - Министерството за здравство на Кипар соопшти за 29 нови случаи на Ковид-19 од 3.532 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.876 лица. По подолго време на Кипар е регистриран и смртен случај од Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата, починаа 30 лица позитивни на коронавирусот, а кај 23 од нив Ковид-19 бил причина за смртта.
Приштина - Во Косово во последните 24 часа починаа тројца заразени од Ковид-19, така што билансот на жртви на епидемијата сега изнесува 635. Вчера се регистрирани 34 новозаразени и 122 излекувани, додека бројот на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 15.889, а на оние кои ја совладале болеста 14.051. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.203 лица. Вчера се извршени 483, а од почетокот на пандемијата 71.256 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Тирана - Нови 158 позитивни случаи со Ковид-19, 140 оздравени и тројца починати во болнички услови, е билансот од последното деноноќие во Албанија. Новозаразените се од направените 905 тестови.
До сега во земјата направени се 93.926 тестови, вирусот е дијагностициран кај 14.568, оздравеле 8.965 , починале 403, додека активни на болеста се 5.200, од кои 214 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана.
Љубљана - Во Словенија, во последните 24 часа беа потврдени 189 нови случаи на коронавирус, засновани на 2.509 тестирани примероци. Според податоците на Владата, три лица починале, а бројот на хоспитализирани се уште се зголемува, пренесува СТА. Вчера во болниците имало 111 пациент, од кои 20 биле на интензивна нега, што е за четири пати повеќе од претходниот ден. Словенија досега евидентирала 6.764 случаи на коронавирус, а 159 лица починале. Виена - Во последните 24 часа, во Австрија се регистрирани 923 нови случаи на заразени со коронавирус. Бројот на активни болни се искачи на 9.295, од кои 498 се хоспитализирани, а 101 од нив се на интензивна нега. Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, со што бројот напочинати се искачи на 822. Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари во Австрија, 49.907 лица биле позитивни на коронавирус, а 39.790 се излекувани. Будимпешта - Во Унгарија, во последните 24 часа се потврдени 818 нови случаи на коронавирус, а 20 лица починаа, се наведува на веб-страницата на Владата за следење на епидемијата. Во таа земја во моментов има 22.722 активни случаи, пренесува МТИ. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 32.298 лица, од кои 853 починале. Москва - Во Русија, 11.615 нови случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа, што е најголем дневен број на нови инфекции од 11 мај, соопштија властите. Од новите случаи, 4.082 биле пријавени во Москва. Од почетокот на епидемијата во Русија, заразени се 1.237.504 лица, а починале 21.663 лица. Њу Делхи - Во Индија, потврдени се 61.267 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најмало дневно зголемување од 25 август. Земјата во која се заразени речиси 6,7 милиони луѓе, бележи највисоки дневнибиланси во светот скоро 45 дена, но во последните три недели има постепен пад. Министерството за здравство денеска пријави 884 нови смртни случаи, со што бројот на починати се искачи на 103.569. Мексико Сити - Мексико бележи најголемо дневно зголемување на нови случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во последните 24 часа потврдени се 28.115 нови случаи, а починале 2.789 лица. Вкупно 789.780 случаи на коронавирус се пријавени во Мексико, а починале 81.877 лица. паг/    

Остани поврзан