• петок, 27 декември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.259.554. Од нив починале 476.004, а оздравеле 4.986.516 луѓе.

- Две лица заразени од Ковид-19, мажи на возраст од 66 и 72-годишна возраст, починаа денеска во Косово, со што бројката на жртви на епидемијата достигна 39. Во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 42 случаи, а бројката на носители на коронавирусот од почетокот на епидемијата изнесува 2.216. Како излекувани се водат 1.069 лица, од кои вчера се регистрирани 22. Активни носители на вирусот, според последниот извештај, се 1.108 лица. Вчера се извршени 314, а од почетокот на епидемијата 21.831 тестирање.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 16 нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, во земјата има 3.302 заразени лица.

-Бројот на заразени со Ковид-19 на Кипар се зголеми на 990 лица, откако во изминатите 24 часа беа потврдени два нови случаи од направени 1.067 тестови.

- Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 30 новозаразени од коронавирусот, а тестирани се 347 лица. Од почетокот на епидемијата вкупно се заразени 2.366 лица. Досега во Хрватска се тестирани 73.093 лица. На болничко лекување се 16 пациенти. Вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 107, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. - Во Словенија се потврдени 13 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, што е најголемо дневно зголемување од 24 април, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според словенечката Цивилна заштита, се работи пред сè за случаи кои се „увезени“ од Босна и Херцеговина. - Се работи за примери на заразени кои вирусот го добиле во Босна и Херцеговина. Треба да искажеме и пофалба, бидејќи новозаразените веднаш се изолирани, а се најдени и сите оние со кои тие имале контакт, изјави Сречко Шестан од Цивилната заштита. Изминатите 24 часа во Словенија се направени вкупно 984 тестирања, објави Националниот институт за јавно здравје. Во медицинските центри низ земјата, поради Ковид 19 болнички се лекуваат пет пациенти, а пореди потешка форма на болеста на интензивна нега е само едно лице. - Здравствените власти во Велика Британија соопштија дека вкупниот број починати од Ковид-19 во земјата изнесува 42.927 лица, вклучително и 171 лице кои починаа во последните 24 часа. - Министерството за здравство на Перу соопшти дека бројот на новозаразени во текот на вчерашниот ден е најмал од почетокот на мај и изнесува 2.511, со што вкупниот број достигна 257.000. Според Си-Ен-Ен, бројот на починати се зголеми за 174 или вкупно 8.223. Во Перу денеска е 100-ти ден од воведувањето вонредна состојба во земјата, но властите во главниот град Лима и некои други градови го одобрија повторното отворање на трговските центри за да се овозможи продолжување на економските активности. - Во Иран бројот на смртни случаи од Ковид-19 денеска изнесува 121, што е најголем дневен биланс во последните два месеца. Вкупниот број починати досега изнесува 9.863 лица. Во последните 24 часа новозаразени се 2.445 лица, со што вкупниот број достигна 209.970. паг/

Остани поврзан