Дмитриев: Администрацијата на Трамп е подготвена за соработка со Русија
- Односите меѓу Русија и САД покажуваат „позитивна динамика“, изјави Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Москва, 4 април 2025 (МИА) - Односите меѓу Русија и САД покажуваат „позитивна динамика“, изјави Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, американската администрација на Доналд Трамп покажува повеќе прагматизам во односите со Москва, што создава можности за конструктивна соработка.
- Гледаме значително подобрување на комуникацијата меѓу двете земји. Ова се однесува и на економските односи, каде што постои реален интерес за соработка во клучни сектори, изјави Дмитриев на економски форум во Пекинг.
И покрај санкциите што Вашингтон ги одржува против Москва, рускиот претставник смета дека постои простор за дијалог и дека некои американски компании веќе бараат начини за зголемена соработка со руските партнери.ссм/
фото: архива