• среда, 25 декември 2024

ДКСК ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

ДКСК ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдуваат од ДКСК за МИА.

Од таму нагласуваат дека  можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.

Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски. Според порталот, 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.

Александар Даштевски беше избран за претседател на Државната изборна комисија во јануари 2021 година. вј/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан