• сабота, 23 ноември 2024

ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РСМ во УО на АСЈО е согласно закон

ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РСМ во УО на АСЈО е согласно закон

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупција  (ДКСК) денеска одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, како членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). 

ДКСК утврди дека претставката не е основана бидејќи тоа се членови на АСЈО согласно исклучокот од забрана за членство во управни и надзорни одбори. 

- ДКСК оцени дека во конкретниов случај, при назначувањето на членови на УО е постапено согласно законската можност за исклучок од забраната за членство во управни и надзорни одбори. Не постои акумулација на функции спротивна на закон и не се основани наводите за злоупотреба на буџетски средства, се запира постапката, одлучи ДКСК. 

Претходно на денешната седница, ДКСК побара Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на УО на АСЈО. Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан