• среда, 18 декември 2024

ДКСК донесе интерен Правилник за управување со судир на интереси и пријавување дополнителен ангажман за службените лица

ДКСК донесе интерен Правилник за управување со судир на интереси и пријавување  дополнителен ангажман за службените лица

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница едногласно го усвои Правилникот за управување со судир на интереси и пријавување на дополнителен ангажман за службените лица во ДКСК. Овој правилник е внатрешен акт на ДКСК, а се однесува на претседателот, членовите на ДКСК и сите службени лица во ДКСК. 

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека како превентивно тело, кое треба да даде пример за другите институции, овој правилник комисијата ќе го достави и до останатите институции врз основа на што ќе можат и тие да ги уредат овие работи. 

Правилникот е поделен во две глави, првата е за постапување при сомневање за постоење на судир на интереси, а втората глава е за начин на пријавување на дополнителен ангажман. 

На почетокот на денешната седница, ДКСК ја избра Катица Николова за нов заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, со важност од 8 февруари. аа/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан