• среда, 25 декември 2024

Ди Каприо снима нов филм

Ди Каприо снима нов филм

Лос Анџелес, 6 февруари 2024 (МИА) - Објавени се првите фотографии од новиот филм со холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо. Се работи за остварување на режисерот и сценарист Пол Томас Андерсон, првично насловено како „BC Project“.

На некои од сликите, глумецот е облечен како бездомник и стои до телефонска говорница. Папараците го забележале во лежерен стил на облекување „како се однесува параноично“. Имало и полициски автомобили на снимањето.

Неодамна се пишуваше дека тој потпишал за филмската адаптација на романот „Вајнленд“ на Томас Пинчон од 1990 година, но не е познато дали овој филм на Андерсон е за тоа.

Иако содржината засега се држи во тајна, според ИМДБ, во филмот глумат и Шон Пен и Реџина Хол. Буџетот наводно е сто милиони долари.  си/ми/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан