• недела, 24 ноември 2024

Диџеј Хозе Падиља почина од рак (видео)

Диџеј Хозе Падиља почина од рак (видео)
Барселона, 20 октомври 2020 (МИА) - Легендарниот шпански диџеј Хозе Падиља, кој се прослави со неговата работа во светски познатиот клуб „Кафе дел Мар“ на островот Ибица, почина викендов. Имаше 64 години, а причината за неговата смрт е рак. Веста беше објавена на неговата официјална фејсбук-страница. „Здраво, пријатели. Со голема тага објавуваме дека Хозе почина вo сон, ноќта во неделата, на неговиот сакан остров Ибица. Ние, неговото семејство и пријателите би сакале да им се заблагодариме на сите што дадоа донации и испратија пораки на поддршка, благодарение на што му беше полесно да го преживее последниот месец“, се вели во пораката. Хозе Падиља е роден 1955 година во Барселона. Во 1975 година се преселува на Ибица, а 1991 година станал диџеј во „Кафе дел Мар“. Во 1995 година ја издаде својата прва компилација од преработка на електронска музика создадена од разни музичари. си/паг/ https://www.youtube.com/watch?v=27ySDWwSNlI

Остани поврзан