• сабота, 23 ноември 2024

Дискусија на тема „Сајбер насилство - безбедност и самоцензура“

Дискусија на тема „Сајбер насилство - безбедност и самоцензура“
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Хелсиншки комитет за човекови права денеска организира дискусија на тема „Сајбер насилство - безбедност и самоцензура“
-За своето лично, но и професионално искуство на темата ќе разговараат Ивана Смилевска (Радио МОФ), Катерина Иванова (ХЕРА Млади) и Славица Анастасовска (Хелсиншки комитет за човекови права - Скопје). Дискусијата ќе ја модерира Елена Петровска (Коалиција Маргини), информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права
Несоодветното третирање на проблемот од институциите, недостатокот од истражување и соодветна легислатива, обвинувањето на жртвите како доминантен наратив, и финално, реткото казнување на насилниците, од Хелсиншки велта дека доведува до една атмосфера каде сајбер просторот (о)станува небезбедно место за жените, глобално. На настанот ќе разговараме за тоа како да бидеме побезбедни во сајбер просторот и дали ограничувањето на изразувањето и слободата се легитимни мерки на (само)заштита или пак претставуваат форма на (само)цензура. ки/са/

Остани поврзан