• четврток, 26 декември 2024

Дискусија за „Закон за висока раководна служба: Кога може да очекуваме именувања по мерит?“

Дискусија за „Закон за висока раководна служба: Кога може да очекуваме именувања по мерит?“
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска ќе ја одржо дискусијата „Закон за висока раководна служба: Кога може да очекуваме именувања по мерит?“. Како што иформираат од ИДСЦС, целта на овој настан е да се навратиме на процесот на носење на претстоечкиот Закон за висока раководна служба, кога се очекува негово носење, како и за процесот на именување – кои се вредностите и начелата врз основа на кои треба да се води процесот на именување. На настанот, како што најавуваат организаторите, се очекува да се обратат Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација и Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување при Институт за демократија. Настанот се организира во рамки на проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“, поддржан од Националниот фонд за демократија. Проектот цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото. фф/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан