• сабота, 23 ноември 2024

Директорот на ЦУК на средба со Општинскиот оперативен штаб на Дебар

Директорот на ЦУК на средба со Општинскиот оперативен штаб на Дебар
Дебар, 16 октомври 2020 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку попладнево оствари средба со дебарскиот Општински оперативен штаб за справување со пандемијата со Ковид-19. На средбата, како што информираат од Општинскиот оперативен штаб, станало збор за вториот бран на пандемијата и за состојбата со големиот број новозаразени на национално ниво. -Беше речено дека Центарот за управување со кризи е подготвен за каква било евентуална ситуација и дека соработката со општинскиот Оперативен штаб била и ќе биде одлична во справувањето со ситуацијата, бидејќи Дебар за време на 30-дневниот карантин (13 март-13 април) стана модел за успешно менаџирање со здравствената криза, велат од Општинскиот оперативен штаб. Во име на ЦУК му беше врачено признание на Оперативниот штаб во Дебар и на градоначалникот на Дебар, кој раководи со него. Во општините Дебар и Центар Жупа, кои беа прво жариште на Ковид-19, вкупниот број заразени изнесува 302 лица, од нив 51 во првата фаза од болеста, а останатите од 5 јуни, кога повторно се појави болеста. Оздравени се 244, починати 15, а активни на болеста се 43 лица. вт/бак/

Остани поврзан