• сабота, 23 ноември 2024

Директорот на ЦИА Вилијам Брнс примен во кабинетот Бајден

Директорот на ЦИА Вилијам Брнс примен во кабинетот Бајден

Вашингтон, 21 јули 2023 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден го покани директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс  да стане член на неговиот кабинет, укажувајќи на централната улога што овој дипломат од кариера ја игра во носењето одлуки во американската надворешна политика и неговата улога како пренесувач на пораки до Русија.

Чекорот е симболичен и не му дава повеќе надлежности на Брнс, пишува Вашингтон пост. Но се укажува на големото влијание што ЦИА го има во извршната власт, една од агенциите која најточно ја предвиди руската инвазија врз Украина.

- Бил секогаш ми давал јасни и директни анализи што на прво место ги ставале безбедноста на американскиот народ, одразувајќи ја интегралната улога што ЦИА ја игра во носењето одлуки за националната безбедност во ова критично време. Под негово водство ЦИА ни дава јасен и долгорочен пристап кон нашите најважни предизвици во националната безбедност. Од справување со руската агресија против Украина до менаџирање на одговорна конкуренција со Кина, до справување со можностите и ризиците на најновите технологии, изјави Бајден.

Кабинетот на Бајден е составен од потпретседателката Камала Харис и 15 извршни департменти (министерства). кб/ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан