• среда, 27 ноември 2024

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг

Директорот на Хјуман рајтс воч доби забрана за влез во Хонгконг
Хонгконг, 12 јануари 2020 (МИА) - Директорот на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Кенет Рот изјави денеска дека властите во Хонгконг му забраниле влез на таа територија. Рот требаше да го претстави годишниот извештај за состојбата со човековите права по неколку месечните продемократски протести. - Се надевав дека ќе можам да ги претставам зголемените напади на Пекинг против меѓународните напори на поддршка за почитување на човековите права, истакна Рот. Тој додаде дека забраната да влезе во Хонгконг е „јасна илустрација“ за она што сакал да го презентира. гт/

Остани поврзан