• вторник, 24 декември 2024

Директорот на Фондот за пензиско, Мемов се сретна со претставници на компании за сајбер безбедност од Израел

Директорот на Фондот за пензиско, Мемов се сретна со претставници на компании за сајбер безбедност од Израел

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, оствари средби со претставници на компаниите BGProtect Ltd, TripleP - Cyber Security Experts, CYFOX и KELA CYBECS од Израел од сферата на сајбер безбдноста, во рамките на нивната посета на нашата земја, информираат од Фондот.

Како што додаваат оттаму, целта на состаноците било претставување на дигиталните сајбер технологии и производи во делот на сајбер заштитата, превенцијата од сајбер напади, заштитата на податоци и проценката на ризици - Cyber intelligence, Risk Assessment, IoT security, Zero Trust, Mobile, Cloud protection.

Средбите ги организирала израелската платформа за иновации и високи технологии IMPROVATE предводена од извршниот директор Ронит Хасин Хохман и поранешниот директор на Директоратот за сајбер безбедност на Израел, Јигал Уна. сст/ац/

 

Остани поврзан