• недела, 01 септември 2024

Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19

Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19
Вашингтон, 15 август 2022 (МИА) - Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми. Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација. Бурла е уверен дека ќе закрепне за брзо време. Тој примил четири дози вакцина развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек. Изминатите месеци неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот, вклучувајќи го претседателот на САД, Џо Бајден, како и неговиот главен медицински советник, доктор Ентони Фаучи. бд/

Остани поврзан