• четврток, 26 декември 2024

Директорот на „Улици и патишта“ изврши увид во реконструкцијата на патеките во градскиот парк

Директорот на „Улици и патишта“ изврши увид во реконструкцијата на патеките во градскиот парк
Скопје, 16 март 2022(МИА) - Директорот на ЈП Улици и патишта - Скопје, Борис Настов денеска изврши увид во активностите на екипите за продолжување на санација и реконструкција на патекитe во градскиот парк во делот кај Сточарскиот институт, позади Зоолошката градина, информираат од ЈП Улици и патишта - Скопје. -Екипите на ЈП Улици и патишта ја продолжуваат санацијата на патеките кои имаат променлива должина и широчина од три метри и вградија асфалтна маса на вкупно 600 метри квадратни површина, соопштуваат од јавното претпријатие. ЈП Улици и патишта известуваат дека по завршувањето на овие патеки, екипите продолжуваат наредните денови со санација на оштетените патеки, реконструкција која ќе продолжи да се изведува во фази и на останатите патеки, а на некои места во паркот и со изградба на нови патеки. ир/ац/

Остани поврзан