• сабота, 16 ноември 2024

Директорот на МААЕ Рафаел Гроси на преговори во Иран

Директорот на МААЕ Рафаел Гроси на преговори во Иран

Техеран, 13 ноември 2024 (МИА) - Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси пристигна денеска во Иран на преговори, ден по неговиот апел до иранските власти да преземат конкретни чекори за решавање на долгорочните проблеми поврзани со иранската нуклеарна програма.

Иранската државна новинска агенција ИРНА пренесе дека Гроси веднаш по пристигнувањето во Техеран се сретнал со портпаролот на иранската државна агенција за атомска енергија, Бехруз Камалванди.

Гроси веќе со месеци се обидува да постигне напредок со Иран во спорните прашања како што се зголемена соработка во надзорот на нуклеарните објекти во Иран и објаснување за траговите на ураниум пронајдени на недекларирани локации. ссм/

фото: архива

Остани поврзан