• недела, 28 јули 2024

Директорот на КОВЗРГ,  Сотировски во посета на Бигорски манастир

Директорот на КОВЗРГ,  Сотировски во посета на Бигорски манастир
Дебар, 1 ноември 2022 (МИА) - Во посета на Свештената Бигорска Обител денеска беше  директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски. - Почитуваниот гостин  беше гостољубиво пречекан и примен на средба од нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј. Директорот и Старецот разговараа за повеќе теми, меѓу кои и за неодамнешните сослуженија во Светиот Град Ерусалим, информираа од Бигорски манастир. Додаваат дека Сотировски ги окарактеризирал тие свештени настани како мошне полезни и плодоносни за целото наше општество. вт/вј/

Остани поврзан