• вторник, 24 декември 2024

Директорот на БЈБ Јанев во Бостон се сретна со федералнaта заменик помошничка јавна обвинителка Никол Арџентиери

Директорот на БЈБ Јанев во Бостон се сретна со федералнaта заменик помошничка јавна обвинителка Никол Арџентиери

Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, кој присуствува на состанокот на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција, во Бостон, САД, се сретнал со федералнaта заменик помошничка јавна обвинителка Никол Арџентиери, раководител на Службата за криминал при Одделот за правда на САД.
 
Како што соопшти МВР, на средбата била упатена благодарност за сите активности кои се спроведуваат за поддршка во градење на капацитетите и модернизација на македонската полиција кои Владата на САД ја дава во рамки на програмата на ИЦИТАП преку Амбасадата на САД во Скопје.

- Взаемно беше нагласена заложбата и неопходноста за одржливост на постоечките проекти, а воедно идентификација и воспоставување на нови проекти и зајакната понатамошна соработка во насока на зацврстување на позицијата и потврда на кредибилноста на македонската полицијата во борбата со криминалот од една страна, како и иницијативи за понатамошно градење на полициско-граѓанско партнерство и доверба, се наведува во соопштението од МВР.

Директорот на БЈБ во рамки на настанот ја искористил можноста и да се сретне со своите колеги и делегации од регионот, со цел здружување на напорите во бескомпромисната борба со криминалот на регионално и глобално ниво преку воспоставување на заеднички операции и заеднички обуки, тренинзи и практични вежби. ев/

ФОТО: МВР 

 

Остани поврзан