• вторник, 24 декември 2024

Директорот на АМС се сретна со специјалниот претставник на германската Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин

Директорот на АМС се сретна со специјалниот претставник на германската Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската Влада за Западен Балкан кој беше придружуван од германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.
На средбата, Мојсовски го запозна Сарацин со актуелните младински политики и иницијативи во државата, како и со предизвиците коишто не очекуваат наредниот период. Мојсовски потенцирал дека Агенцијата за млади и спорт е релевантен партнер на младите луѓе и дека тие ја имаат целосната институционална поддршка, но исто така посочил и дека како институција активно придонесуваат во работата и развојот на RYCO како производ на Берлинскиот процес и ќе продолжат во иднина да даваат придонес во афирмација на RYCO и приближување до младите.
Сарацин, како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, ја нагласил важноста младинското учество да се зголемува и да овозможува младите да бидат вклучени во процесите и ги поздравил иницијативите и политиките за млади што се спроведуваат во земјава.
На средбата присуствувале и Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ од Канцеларијата на Претседателот на Владата кои посочиле дека Владата посветува сериозно внимание и силно ги поддржува младите во процесите на донесување на одлуки и ги поттикнува да бидат креатори на нивната сегашност и иднина. бак/

Остани поврзан