• четврток, 19 декември 2024

Директорката на КОВЗРГ Трајковска се сретна со поглаварот на ИВЗ

Директорката на КОВЗРГ Трајковска се сретна со поглаварот на ИВЗ

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска денеска во просториите на ИВЗ се сретна со Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи.

-Официјалната посета на директорката на Комисијата за односи со верските заедници и релиозните групи беше од слободен карактер и имаше за цел меѓусебно запознавање и споделување на досегашни искуства, како и идни соработки на полето на верската толеранција и соживот.  Мултиетничкото општество е спој на различни култури и етникуми, аналогно на тоа и спој на различни верски заедници кои манифестираат свој белег преку слободно изразување на своите верски права и слободи, се вели во соопштението од КОВЗРГ. 

Во него се додава дека стабилно, просперитетно и толерантно опкружување е заедничка желба на сите верски заедници и оти токму затоа сите стремежи на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се насочени кон конструктивни дијалози и соработки.

Реисот ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи изразил благодарност за досегашната соработка и најавил нејзино продолжување во континуитет, со цел, како што рекол, сите заеднички да учествуваме во градењето и негувањето на едно општество исполнето со мир и меѓусебна почит. сст/нд/

Фото: КОВЗРГ

 

Остани поврзан