• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Директорката на Агенцијата за дијаспора, Костова на средба со претседателот на „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши

Директорката на Агенцијата за дијаспора, Костова на средба со претседателот на „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши

Дебар, 27 март 2025 (МИА) – Директорката на Агенцијата за дијаспора, Билјана Костова остварила средба со претставници на македонската дијаспора во Италија, предводени од претседателот на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши.

На средбата, како што објави на Фејбук Шемши, присуствувале и координаторот Горан Ангелов и генералниот конзул Фросина Ременски а станало збор за состојбата на македонската заедница во Италија, интеграцијата, зајакнувањето на културните и економските врски меѓу двете земји и важноста од сѐ посилна соработка меѓу двете земји.

-Разговаравме за можностите за соработка меѓу македонските и италијанските претприемачи, со цел создавање нови бизнис мрежи, промовирање на културните и образовните вредности. Важен фокус беше даден и на видливоста на македонската заедница во Италија, со цел зголемување на препознавањето на нашиот придонес во италијанскиот економски и социјален пејзаж. Исто така разменивме мислења и околу правните и бирократски предизвици со кои се соочува нашата заедница а ја разгледавме и можноста за стимулирање на меѓусебниот туризам и зајакнување на врските меѓу двете нации, стои во објавата.

Нагласена била важната улога на италијанските и македонските институции во обезбедувањето континуиран дијалог кој овозможува подобрување на условите на македонската дијаспора во Италија.

-Од срце благодарност до Агенцијата за македонска дијаспора и Генералниот конзулат на Македонија за трудот и постојаната соработка. Споредбата и соработката се клучни за заедничко соочување со предизвиците на нашата заедница и промовирање на дијалогот и интеграцијата меѓу двете земји, со цел сите заедно да изградиме подобра иднина, напиша Шемши.

На средбата оддадена била почит кон загинатите во трагедијата во Кочани, посакувајќи побрзо закрепнување на повредените и вакви трагедии никогаш да не се повторат.

Мунир Шемши е познат стопанственик и филантроп, по потекло е од селото Коџаџик, општина Центар Жупа, кој повеќе од три децении живее и работи во Италија. вт/дма/

Фото: Шемши ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан