• сабота, 21 декември 2024

Директорката за човечки ресурси на „Шарли Ебдо“ го напушти својот дом по добиените закани

Директорката за човечки ресурси на „Шарли Ебдо“ го напушти својот дом по добиените закани

Париз, 22 септември 2020 (МИА) – Директорката за човечки ресурси во „Шарли Ебдо“  Марика Брет во интервју за неделникот „Ле Поинт“ вели дека имала десет минути за да го напушти својот дом по добиените закани,  јави дописникот на МИА од Париз.

Брет беше екфилтрирана од нејзиниот дом поради закани кои се сметаат за сериозни, ова сред судење за нападите во јануари 2015 година во која беше проретчена редакцијата на сатиричкиот неделник. По „специфичните и детални закани“ добиени на 14 септември од страна на безбедносните службеници кои ја штитеа скоро пет години, Марика Брет беше принудена да го напушти својот дом.

- Имав десет минути да соберам неколку работи и да го напуштам својот дом. Десет минути да се откажете од дел од вашиот живот е малку кратко и е многу насилно. Нема да се вратам дома, рече таа за „Ле Поинт“.

Брет вели дека ексфилтрација „го одразува невиденото ниво на напнатост со кое сме соочени“,  нагласувајќи дека има „ниво на халуцинативна омраза околу Шарли Ебдо“.

- Од почетокот на судењето и со објавувањето на карикатурите, добивме секакви ужасни закани, вклучително и закани од Ал-Каеда и повици да се заврши работата на браќата Куачи“, сведочи Марика Брет.

Џихадистичката организација Ал-Каеда се закани дека повторно ќе го нападне „Шарли Ебдо“, кој повторно објави карикатури на пророкот на исламот Мухамед по повод судењето, тврдејќи дека смртоносната акција во јануари 2015 година во весникот „не беше еднократен инцидент “.

Директорката за човечки ресурси на „Шарли Ебдо“ исто така го обвинува водачот на „Бунтовна Франција“ Жан-Лук Меланшон дека поттикнал „клима на омраза“.

- Но, Жан-Лук Меланшон не е единствениот. Многу политичари, поради клиентализам или страв, ги заборавија основните концепти како што е граѓанството. Ние не им се обраќаме на потенцијалните гласачи врз основа на нивната боја на кожа или нивната религија, тоа е самата негација на тоа што треба да биде политиката, додава таа. тг/

Остани поврзан