• сабота, 23 ноември 2024

Директори на ФЗОРСМ, јавни здравствени установи, клинички центри и на болници, на средба за проблеми во здравството

Директори на ФЗОРСМ, јавни здравствени установи, клинички центри и на болници, на средба за проблеми во здравството

Скопје, 12 август 2024

На работната средба одржана на ден 12.8.2024 меѓу директорите на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со директорите на јавните здравствени установи, клиничките центри и болниците, акцентот беше ставен на заедничкото работење со цел консолидација на јавните здравствени установи, и тоа:

Како да се решат проблемите со големите долгови во јавните здравствени установи, како да се консолидираат, пред сѐ финансиски и како да се подобри работењето на јавните здравствени установи, беше тема на разговор помеѓу претставниците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и директорите на јавните здравствени установи (ЈЗУ) од Скопје, вклучувајќи ги и директорите на скопските клиники и болници.

„Генералните директори на Фондот ги информираа директорите на ЈЗУ дека веќе се преземаат мерки за финансиска консолидација на јавните здравствени установи и дека се планирани одредени средства во ребалансот на Буџетот наменети за јавните здравствени установи, клиниките и болниците. Побаравме од директорите да направат финансиски пресеци, ревизии и финансиски контроли онаму каде што е потребно, како и да се ревидираат договорните буџети и проекции до крајот на годината“.

На состанокот беше констатирано дека долговите во првото полугодие се зголемени за 20 проценти поради лошо планираните буџети или недомаќинско работење.

„На средбата се донесе едногласен заклучок дека со заедничка заложба, подобра контрола на средствата, како и со домаќинско работење, ќе постигнеме навремени и подобри здравствени услуги за пациентите. Побаравме од директорите навремено и аргументирано планирање на буџетите за следната година. Ние како Фонд за време на овој процес ќе дадеме целосна поддршка на директорите, со цел обезбедување поефикасна и подобра здравствена услуга“.

Средби ќе се организираат и во другите региони, а ќе бидат редовни на секои три месеци.

Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан