• сабота, 16 ноември 2024

Диреккторот на АД ЕСМ Ковачевски на средба со делегација од енергетскиот сектор на Словачка

Диреккторот на АД ЕСМ Ковачевски на средба со делегација од енергетскиот сектор на Словачка
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваше на работен ручек со седумчлената делегација од енергетскиот сектор на Словачка, која е дел од делегацијата предводена од претседателката на Словачка Зузана Чапутова во посета на Република Северна Македонија. Како што соопштија од АД ЕСМ, на средбата која е на покана на словачкиот амбасадот во Северна Македонија, биле разменети искуства од справувањето со енергетската криза, како и инвестициите и развојот на енергетскиот сектор. Претседателот Стево Пендаровски денеска е домаќин на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на земјава. Чапутова се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски. вг/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан