• четврток, 26 декември 2024

Дипломат од Киргистан претепан во Москва

Дипломат од Киргистан претепан во Москва
Москва, 13 јуни 2020 (МИА) - Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан. Дипломатот изјавил дека имал конфликт со непознат млад маж во близина на една метро станица, а потоа тоа прераснало во расправија и тој добил удар во главата. Вицеконзулот по инцидентот поднел пријава во полиција и започната е потрага по напаѓачот. Кондахјан работи во киргистанската амбасада во Москва од 2016 година. гт/

Остани поврзан