Дипломатски разговори меѓу Украина и САД во вторник во Саудиска Арабија
- Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат во вторник во Саудиска Арабија за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува „првичен прекин на огнот со Русија“.

Киев, 7 март 2025 (МИА) - Делегациите на САД и Украина ќе се сретнат во вторник во Саудиска Арабија за да разговараат за она што Вашингтон го нарекува „првичен прекин на огнот со Русија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека следната недела ќе отпатува за Саудиска Арабија, но нема лично да учествува во преговорите, туку таа задача ќе ја преземат дипломати.
Зеленски изрази надеж дека средбата ќе биде „значајна“ и нагласи дека Киев работи на постигнување „брз и траен мир“.
Овие преговори доаѓаат откако Доналд Трамп одржа директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и го прекина споделувањето разузнавачки информации и воената помош за Украина.
Трамп верува дека Саудиска Арабија е најдобро позиционирана да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса. Синоќа тој на новинарите им рече дека двете страни сакаат договор бидејќи немаат друг избор. мс/ац/
Фото: МИА архива