• сабота, 23 ноември 2024

Дипломатски клуб: Да го надоградиме големиот исчекор кон ЕУ

Дипломатски клуб: Да го надоградиме големиот исчекор кон ЕУ
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Денеска ништо не е како што беше вчера. Од корен се поместуваат нашите политички, економски, безбедносни и социјални интереси, оцени Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб - Скопје, поздравувајќи го вчерашното отворање на пристапните преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и реализацијата на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. - Макотрпниот 17-годишен пат до постигнување на оваа цел не ја смалува потребата од дополнителни усилби за унапредување на нашиот сериозен пристап, како кон изградба на стабилен, демократски и правен систем, така и создавање на кадровски и материјални услови за дипломатска одбрана на поставените цели од значење за националните и државните интереси на земјата, се наведува во соопштението. Дипломатскиот клуб посочува дека увидовме оти пробивањето на нашата национална и општествена реалност на меѓународен план се судруваше со разни, егоистички и во минатото пошироко етаблирани интереси на државни ентитети, состојби кои го запираа и условуваа остварувањето на евроатланските стратешки цели на земјата. - Достигнувањето на ова ниво на интеграција и искуството од тешките компромиси треба да ни дадат дополнителен мотив за нивното надминување и со мудрост и работна посветеност да ги искористиме геостратешите поместувања, сè со цел за мирен, стабилен социо-економски развој на сите сегменти од нашето мултинационално општество. Придонесот на дипломатското преговарање, како многу пати досега, и во овој случај одигра значајна улога, смета Дипломатскиот клуб. Клубот потенцира дека процесите на постепено приспособување и делегирање во еден заеднички центар на до вчера суверените права на земјава бара општествен консензус и силна дипломатска активност. - Овие „жртви“ беа видни во текот на пристапните преговори на низа земји денес членки на Европската унија и НАТО, промени кои допираа и до нивните највисоки нормативни акти. Сепак, одговорноста за реализација на македонските плебисцитарно прифатени стратешките цели за развој лежи кај секого од нас, се додава во соопштението на Дипломатскиот клуб - Скопје, потпишано од неговиот претседател Огнен Малески. сп/

Остани поврзан