• сабота, 23 ноември 2024

Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) потпишаа Меморандум за соработка

Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Дипломатскиот клуб - Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) денеска потпишаа Меморандум за соработка, како формална потврда на нивните долгогодишни заеднички напори во образувањето нови генерации студенти кои се специјализираат за работа во областа на надворешната политика.

Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот Американ колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев и претседателот на Дипломатскиот клуб - Скопје, амбасадорот Огнен Малески.

Меморандумот, како што информираат од Универзитетот Американ колеџ Скопје, предвидува размена на научни и стручни искуства и знаења, подготовка на заеднички програми за оспособување и усовршување на дипломатски кадри, заедничка поддршка и помош во организирање собири (конференции, трклаезни маси, работилници и летни школи), како и заеднички изданија на публикации и овозможување практична настава за студентите.

Како дел од серијата заеднички проекти, УАКС и Дипломатскиот клуб објавија дека по повод Денот на македонската дипломатија - 29 април, на 27 април 2023 година, организираат панел-дискусија на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција“. Се очекува на панелот да се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир и други високи претставници од државните институции и од меѓународни организации акредитирани во Скопје, како и претставници на специјализирани организации ангажирани во развој на регионалните иницијативи. дма/сп/

Фото:  Универзитетот Американ колеџ Скопје

 

Остани поврзан