• четврток, 26 декември 2024

„Диор“ претстави „заштитна облека“ за криза

„Диор“ претстави „заштитна облека“ за криза
Париз, 2 март 2022 (МИА) - Ревијата на „Диор“ на Mодната недела во Париз вчера беше „борбена“ и по малку „мрачна”... Дизајнерката Марија Грација Чиури изјави дека нагласката на комбинирањето на „убавината и заштитата“ е соодветен при војна. Колекцијата за есен-зима 2022-2023 е создадена долго пред руската војска да почне со бомбардирање на Украина минатата недела. Но, бидејќи моделите на „Диор“ носеа разновидна „заштитна опрема“ - од перничиња за рамена до корсети со воздушни перничиња кои личеа на панцири, тешко е сѐ тоа да не се поврзе со случувањата од Источна Европа, пишуваат западните весници. https://www.youtube.com/watch?v=gPnOqgLvpxQ - Дури и пред конфликтот во Украина, светот веќе беше во војна, рече Чиури, уметнички директор за жени на „Диор“. Ковид е уште еден „облик на војна“. Сите ние минавме низ многу тешки месеци. А, овие тешки времиња многу се размислува како да се комбинираат убавината, естетиката и заштитата, додаде таа. Нејзините најнови креации се насочени кон технички решенија функционални за женското тело. Тие вклучуваат и технолошка адаптација на култната креација на Кристијан Диор - јакната „Бар“... Во соработка со италијанската компанија за додатоци за мотоцикли - „Д-лаб“, новата јакна има дополнителен внатрешен систем за греење. - Самата облека е еден вид заштита... Таа нè смирува. Ова гледиште е многу присутно и во она што го правам - емоционалната заштита, како и - заштита во буквална смисла на зборот, вели Чиури. Во сенка на војната во Украина, во понеделникот организаторите објавија соопштение каде што ги повикуваат посетителите да ги искусат новитетите „свечено, но размислувајќи за овие мрачни часови“.  си/сд/

Остани поврзан